Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зоран Верушевски, контроверзна личност, импресивна кариера!

Зоран Верушевски, контроверзна личност, импресивна кариера!
Поранешниот директор на ДБК, во време кога СДСМ беше на власт, Зоран Верушевски синоќа нешто пред 23 часот беше уапсен. Со полициска придружба тој беше изнесен пред истражен судија и јавен обвинител во Скопје. Полицијата го товари за нелегално поседување оружје, основани сомневања за детска порнографија и други тешки кривични дела. МВР детали за приведувањето на поранешниот директор на ДБК Зоран Верушевски, најави за денеска.Разузнавачот Верушевски и додека беше на чело на ДБК, па и после тоа постојано ги полнеше насловните страници во весниците и телевизиите. Тој  своевремено (2006 година) изјавуваше дека сакаат да го ликвидираат структурите во државата што шверцуваат нафта, цигари и акцизна стока. Не наведуваше имиња, но тврдеше дека има документација за заканите, и за нив разговараше со тогашниот јавен обвинител Александар Прчески. Дамка во неговата кариера беа и многуте скандали поврзани со неговиот син Александар Верушевски. Тој беше во фокусот на јавноста заради проблемите што ги имаше со законот во Македонија. Младиот Верушевски беше осудуван со затвор за обид за изнуда во едно струшко кафуле, а меѓу кривичните дела му се запишани и обид за убиство, газење човек со автомобил и носење пиштол. Постариот Верушевски постојано повторуваше дека син му го местат и ги оспоруваше судските одлуки како неосновани. Верушевски постариот своевремено беше и советник во македонската амбасада во Рим. Во амбасадата беше на позицијата "советник одговорен за безбедносни прашања". Сепак за значаен дел од разузнавачката фела, Верушевски важи за врвен професионалец и човек кој солидно ја владее материјата. Тој е доктор на науки, а во неговата биографија се и ангажманите на неколку универзитети во Македонија. Дел од аналитичарите во земјава со апсењето на Зоран Верушевски препознаа политички мотиви, особено што Верушевски важеше за близок човек на поранешниот премиер и претседател на државата Бранко Црвенковски. Тој како шеф на државата во 2007 година го помилува синот на Верушевски, Александар од здравствени причини. Александар Верушески не смее да биде привилегиран затоа што е син на Зоран Верушески. Меѓутоа, тој не треба да биде дискриминиран заради тоа што е негов син, изјави тогаш Црвенковски. Р.Ф
Слично

Поврзани вести