Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зоран Ставрески присутен на Конференција СЕФФ организирана од Министерството за финансии

Зоран Ставрески присутен на Конференција СЕФФ организирана од Министерството за финансии

Поранешниот министер за финансии Зоран Стеврески денеска се појави  на Конференција – Скопски економски и финансиски форум (СЕФФ) на тема „Европа – ДА, Европа – СЕГА“ организирана од  Министерството за финансии во Скопје.

Конференцијата со воведни обраќања ја отворија премиерот Димитар Ковачевски, министерот за финансии Фатмир Бесими и главниот говорник на Конференцијата еврокомесарот за буџет Јоханес Хан. 

Последната информација за долгогодишниот министер за финансии во владите на Никола Груевски е дека е дел од работното тело на ВМРО-ДПМНЕ кое ја контролира работата на градоначалниците на партијата

На Конференцијата ќе говорат високи претставници на  европските банки – Европска инвестициска банка, Банка за развој при Советот на Европа и Европска банка за обнова и развој, на меѓународните финансиски институции  – Светска банка и ММФ, УСАИД, како и претставници од владите во регионот и земјава, дипломати, претставници од бизнис-секторот, академската јавност итн. 

СЕФФ е иницијатива на Министерството за финансии за обединување и дебата помеѓу креаторите на политиките и политичките претставници, меѓународните партнери за развој, граѓанското општество, академската јавност, бизнис-секторот и други експерти, со цел креирање синергија на идеи и иницијативи за економско закрепнување и инклузивен, забрзан и зелен раст. 


Слично

Поврзани вести