Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зоран Поповски – за слобода на медиумите

Зоран Поповски – за слобода на медиумите
Кандидатот на ГРОМ, Зоран Поповски голем дел од експертската јавност му го додели епитот позитивно изненадување на овие претседателски избори. Кампањата ја водеше, преку митинзи, но и со средби со граѓаните. Неговата смиреност од една страна и елоквентноста и сигурноста во настапите од друга страна го сместија во редот на пријатно изненадување. Поповски не ја прифати улогата на аутсајдер на овие избори и вели „нема да играм епизодна улога на овие избори“. Изминативе 20-тина дена Поповски најави враќање на довербата на граѓаните во институциите, забрзување на евроинтегративните и евроатлантските процеси, но преку внатрешно реформирање на државата. „Важно е внатрешно да ја стабилизираме државата, да го вратиме политичкиот дијалог, да го ослободиме судството од дневната политика, да овозможиме слобода на говорот и на медиумите“, најавуваше Поповски на митинзите. За спорот со името Поповски најавува актуелизација на двојната формула за името. Во предизборната претседателска кампања кај Поповски не се регистрирани гафови, напротив смиреност и сигурност во настапите. Дел од јавноста, неофицијално го прогласи за победник на телевизиското соочување на националниот сервис. Кратка биографија: Роден е во Скопје на 08.09.1962 година. Дипломирал на Природно-математичкиот факултет во Скопје со просечна оцена  9.8 и се стекнал со звањето дипломиран професор по биологија. Магистерско звање по биохемија добива на истиот факултет, а во 2002 година докторира на примена на современи ДНК методи во анималната биотехнологија на ФЗНХ. Вработен е како редовен професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Пошироката јавност го памети како државен секретар во Министерството за образование и наука, каде оваа функција ја извршуваше во владата предводена од СДСМ во периодот од 2002 - 2006 година.  
Слично

Поврзани вести