Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зоран Милановиќ чувал стража пред гробот на Тито?

Зоран Милановиќ чувал стража пред гробот на Тито?

За хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, „Република.рс“ пишува дека тој за време на воениот рок во ЈНА чувал стража пред гробот на претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито.

Милановиќ бил гардиста кој го обезбедувал комплексот „куќата на цвеќето“ и пишуваат дека тоа сака да го скрие од својата биографија.

Инаку, тој деновиве е актуелен со изјавата за Косово. Хрватскиот претседател кажа дека Косово е украдено од Србија, на што реагираше хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ кој кажа дека Косово не е анектирано и споено со друга држава, како што сега прави Русија со Украина. 

Милановиќ објаснуваше дека во односите со Русија, Србија ќе излезе како измамена љубовница. Според него, меѓу двете земји има интерес. 

Хрватскиот претседател индиректно и претходно ги бранеше или релативизираше постапките на рускиот претседател Владимир Путин. 

Слично

Поврзани вести