Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зоран Ќука, новинар, Радио слободна Европа: Јавниот интерес – пред сè !

Зоран Ќука, новинар, Радио слободна Европа: Јавниот интерес – пред сè !

Новинарите генерално со негодување го прифаќаат обидот на обвинителството да сугерира дека сите идни снимки поврзани со акцијата ПУЧ не смеат да се објавуваат. Сепак, спротивставени ставови имаат двете новинарски здруженија ЗНМ и МАН. Во денешниот преглед, за Фактор, дел од македонските новинари ги споделуваат своите видувања.

Зоран Ќука, новинар, Радио слободна Европа : Јавниот интерес – пред се !

“Како новинар за мене секое спречување на објава на докази (материјали, снимки) за криминал, корупција или каква и да е девијантна појава на власта или пак на опозицијата, е генерално спротивна на принципите на слободата на говорот, и спротивна на принципите на новинарството.

Професионална обврска е да се објават информации или материјали кои се поврзани со уставното право на јавноста да биде информирана. Медиумите треба да ги почитуваат законите на државата, но, исто така, обврска е да објават, криминал, корупција согласно јавниот интерес.“

Слично

Поврзани вести