Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зоран Јовановски: Сега е време да се носат големи одлуки

Зоран Јовановски: Сега е време да се носат големи одлуки

Корона кризата носи двоен ризик. Треба да се преживее вирусот, ама и економските последици од ситуацијава, сегашна и идна, вели Зоран Јовановски, советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија. Додава дека поради тоа државата треба на краток рок односно во моментов сега да ја спаси економијата, а потоа на среден и долг рок економијата ќе и врати на државата.

Вели дека прогласената вонредна состојба и дава можност на Владата да носи и понатамошни одлуки кои ќе бидат во насока на помош на домашните компании, а дека досега понудените се само еден вовед во сета поддршка. Стопанската комора, вели, има соработка приватниот сектор и со креаторите на политиките и таа комуникација е двонасочна. 

„Самата вонредна состојба укажува дека ќе има негативни последици во економијата, а особено тоа што се се случува на глобално ниво што ќе влијае неминовно и кај нас. Во моментот најпогодени се секторите туризам, угостителство и транспорт, но може да има и индиректно засегнати сектори. Фабриките за автомобили во Европа затвораат, а кај нас има фабрики кои изработуваат делови за истите. Ние како Стопанска комора воспоставивме ефикасен канал на комуникација со приватниот сектор од една страна и со носителите на економските политики од друга страна. Информациите циркулираат во двете насоки, вели Јовановски.

Јовановски е категоричен дека сега е време да се носат големи одлуки. 

„Ова е време кога треба да не се носат големи одлуки, а на краток рок државата е таа која што мора да обезбеди да преживее македонската економија, за потоа на среден и долг рок таа да и врати со платени даноци и со исопрачани резултати. Сега очекуваме државата да излезе со нови со кои пред се треба да се интервенира во ликвидноста, особено кај малите бизниси, додава Јовановски.

А.К.

Слично

Поврзани вести