ЗОРАН ИВАНОВ: Промените во МТВ ќе предизвикаат земјотрес во медиумскиот бизнис!
Брза, коренита, темелна, ментална, кадровска промена во Јавниот сервис – МРТ, промени во сите нејзини сегменти, во сите досегашни окостени и заробени органи на управување, промени во уредничките па и во добар дел од новинарските ешалони, ќе предизвика земјотрес и силни тектонски поместувања на вкупниот македонски медиумски простор. На МТВ и треба “универзитетска“ финансиска независност – вели новинарот Зоран Иванов, кој беше еден од новинарите и уредници во Радио Скопје, Македонска телевизија.
МТВ ќе мора од дубење на глава да се преврти за 180 степени
Фактор: Слободата на медиумите – реформа на МТВ – како дел од Договорот во Пржино. Се смета дека ова ќе биде едно од потешките прашања за кои ќе мора да се постигне договор. Каков формат и содржина на јавниотс сервис очекувате дека ќе биде договорен ?
Иванов: Слобода на медиумите генерално не е тема на договорот од Пржино. Нивниот приватен карактер и натаму ќе ги остави на милоста на тендерите, на другите бизниси и на дневната политика која на сопствениците им ги обезбедува привилегиите. Тие медиуми, трите најкапитални телевизии, до радикална промена не на партиската, на политичката, туку на целата општественма клима, до „европизиција“ на државата, ќе останат вулгарната алатка на веќе претпознатливата но се уште ефикасна пропагандистичка машинерија на власта. На оваа, а зошто не и на наредната.
Секако, брза, коренита, темелна, менатална, кадровска промена во Јавниот сервис – МРТ, промени во сите нејзини сегменти, во сите досегашни окостени и заробени органи на управување, промени во уредничките па и во добар дел од новинарските ешелони, ќе предизвика земјотрес и силни тектонски помстувања на вкупниот македонски медиумски простор. Вклучително и промени од кадровски до сопственички и во сега најмоќните владини медиуми, како што се препознатливите нејзини инструменти Сител, Канал5 и Алфа и на дел од изданијата на печатените ВАЦ, медиуми во кои деценија веќе е истиснато новинарството со своите генерички вредности.
Затоа странците инволвирани во решавањето на македонската криза во проектот ја вметнаа и МРТ која од сегашното дубење на глава ќе треба како клепсидра чиј песок истекува, да ја превртат и постават на нозе. Промената на курсот на нејзиниот досегашен правец на движење за 180 степени ќе иницира промени, брзи и панични престројувања, ако сакате и кадровски па и сопственички, на сега моќните „производители на магла“ по нарaчка на власта.
Фактор:Се појави и шпекулативен предлог за формирање на втор “опозициски ТВ канал “ на јавниот сервис. Дали ова може да биде решение за балансирано известување?
Иванов:Опозициски тв канал на Јавниот сервис? Не беше тоа баш шпекулативен предлог туку „ако помине“. Предоцна е за такви почетоци. Владејачката структура тоа некако и можеби можеше да го проектира и реализира на стартот на своето владење. Имаше такви примери во неколку постмонистички општества демек за поттикнување на плурализмот и демократијата, за контрола врз монополите на власта. Експериментите се покажаа промашувања зашто иницијалната идеја за медиумските слободи не може да виреат врз партиски контрола во кој и да е медиумски сегмен и врз партиска контаминација на новинарските станарди. На гледачите не им требаат два партиски канали, туку една конзистентна и реална „критичка“ уредувачка политика.
Фактор:Во услови на голема финансиска зависност на јавниот сервис од власта, дали може да зборуваме за “политичка“ независност? Како Јавниот сервис може да се одлепи од етикетата на “пропагандна машинерија“?
Иванов:Во однос на финансирањето, на МРТ и е потребна „универзитетска“ финансиска автономија. Со периодични програми државата, власта, ќе ги дава парите, ќе внимава на нивното трошење, но таа ќе нема никаква моќ да уценува за плати, за кадровски политики, за уреувачки политики. Советот на МРТ, управниот и надзорниот одбор и особено јавноста се механизмите за „контрола“ врз второво.
Слично
