Зоран Димитровски: Владата сака да донесе мобилна централа на дизел
Зоран Димитровски, заменик-министерот за локална самоуправа, во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 рече дека Владата ги разгледува сите мкжни начини за да го зголеми производството на електрична енергија и цените да бидат што е можно помали.
Според Димитровски, на денешната владина седница била спомената можност да биде доведена мобилна централа која ќе работи на дизел гориво.
- Станува збор за мобилна централа на дизел која може да произведува 25 мегавати електрична енергија по прифатливи трошоци, рече Димитровски. Заменик-министерот не спомена од каде би била доведена оваа мобилна централа.
Во моментов Владата бара поевтини извори на електрична енергија и гас од Србија, Бугарија и Грција, а во најава се и средби во Турција.
