Зоран Божиновски донесен на суд
Од затворот во Шутка, во Основен суд Скопје 1 е донесен новинарот Зоран Божиновски.
Тој е обвинет во случајот „Шпион“, но му се суди во одвоена постапка бидејќи три години уживаше азиланстски статус во соседна Србија и минатата недела беше екстрадиран во Македонија. Божиновски беше уапсен во Нови Сад по налог на српското Министерство за правда по меѓународната потерница која беше распишана против него во ноември 2013 година, како осомничен во случајот „Шпион“.
Слично
