Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗНМ се жали во Стразбур за исфрлањето на новинарите од Собрание на 24-ти декември

ЗНМ се жали во Стразбур за исфрлањето на новинарите од Собрание на 24-ти декември
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) достави претставка пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур за инцидентот во Собрание на 24-ти декември 2012 година, кога за време ан расправата за Буџетот, новинарите беа исфрлени од законодавниот дом. „Од Европскиот суд бараме да утврди прекршување на членот 10 од Европската конвенција за човекови права поради насилното бркање на новинарите од собраниската галерија. Ние сметаме дека во овој случај се повредени и членот 6 и 13 од Конвенцијата, кои гарантираат право на фер судење пред уставен суд и право на ефикасен правен лек“, соопштија од ЗНМ. Здружението сакаше ова прашање да го реши пред домашните институции, меѓутоа ниту една од одговорните институции, тргнувајќи од Собранието на Република Македоинија до Уставниот суд не го констатираа прекршувањето на правото на новинарите непречено да ги извршуваат своите работни задачи и на правото на јавноста да биде информирана. „Очекуваме дека Европскиот суд ќе ја прифати нашата апликација затоа што интервенцијата на собраниското обезбедување против новинарите е незаконска и дека таквото ограничување на слободата на изразувањето не беше неопходно. Со овој потег сакаме да им покажеме на нашите институции дека вакви репресивни мерки против новинарите и медиумите не се дозволени во демократски општества“, велат од ЗНМ, од каде очекуваат некој да преземе одговорност доколку Европскиот суд потврди дека имало прекршување на слободата на изразување.
Слично

Поврзани вести