Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗНМ: Партиите не се откажуваат од контрола врз медиумите

ЗНМ: Партиите не се откажуваат од контрола врз медиумите

Договорот на партиите за медиумите е обична политичка фарса и не обезбедува вистински реформи во нив. Во овој договор нема одржливи решенија, со кои ќе се ослободат медиумите од контрола на партиите. Напротив, договорот уште повеќе ќе го партизира медиумскиот систем, реагираат денеска од Здружението на новинари на Македонија по повод постигнатиот договор на политичките партии потписниќки на Договорот од Пржино.

„Агенцијата за медиуми и Македонската радио телевизија остануваат под контрола на владејачките партии. Ново е што можност да врши притисок врз овие институции добива и опозицијата. Место независно и професионално регулаторно тело и МРТ, сто дена пред избори ќе имаме институции растргнати меѓу партиските интереси и влијанија.

Формирањето на ад- хок  партиско тело во рамките на Агецијата за медиуми, кое треба да го мониторира известувањето на медиумите сто дена пред изборите, е неприфатливо за нас. Единствено решние е избор на нов Совет на Агенцијата, каде ќе се изберат независни и стручни лица. Затоа, ЗНМ нема да учествува во партиските консултации за формирање на ова тело, затоа што не сакаме да легитимираме неодржливи и партиски решенија, кои нема да бидат во интерес на новинарите“, се додава во реакцијата на ЗНМ.

За ова здружение апсурно е и  решението за МРТ. Велат дека партискиот редник на власта, ќе се замени со партиски послушник од опозицијата. Со тоа, уште повеќе ќе се засили партискиот притисок врз МРТ, која место сервис на граѓаните, ќе биде заложник на партиските интереси.

„Ако сакаме независен и професионален јавен сервис, раководните структури на МРТ треба да се департизираат и да се обезбеди независен и одржлив извор на финансирање.

Со жалење констатираме дека во Македонија нема политичка волја за вистински реформи во медиумите. Очигледно е дека потписниците на Договорот од Пржино немаат намера да ја демократизираат земјата, а уште помалку да ја интегрираат во ЕУ и НАТО“, истакна Насер Селмани од ЗНМ.

Слично

Поврзани вести