Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗНМ обвини за Кукавички акт против новинарите, МВР денес ќе објаснува за инцидентот!

ЗНМ обвини за Кукавички акт против новинарите, МВР денес ќе објаснува за инцидентот!
Откако вчера се случи инцидент во телевизијата 21, кога лица од обезбедувањето на поранешниот премиер натераа новинар да брише снимки, со реакции се јави и новинарското здружение ЗНМ. Се уште има молк од МАН, другата асоцијација на новинари. Првиот човек на ЗНМ Насер Селмани го осуди чинот. „Прво сакам да го осудам овој кукавички акт на обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Ова го сметам за кукавички акт само затоа што во недемократска земја обезбедувањето на поранешниот премиер демонстрира сила против медиумите. Сакам да го потсетам господинот Груевски дека во Македонија слободата на изразувањето е гарантирана. Тој е јавна личност и на јавно место, новинарите имаат право него да го снимаат.“ Се очекува денеска МВР да излезе со официјална инфорнмација за тоа што се случило, и што ги потикнало полицајците да влезат во тв21. До инцидентот дошло при прошетката на Груевски и неговата сопруга и семејството по улица Македонија. Откако обезбедувачите, кои инаку се припадници на МВР го забележале новинарот дека фотографира, веднаш тргнале по него. Интересно е што Груевски не ги сопрел да интервенираат, со оглед на тоа што целта на прошетката била да се покаже екс премиерот во јавноста, а слични снимки објавија некои медиуми, како што може да се забележи на фотографијата снимена од Курир. prosetka-2-640x480 фото Курир  
Слично

Поврзани вести