Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗНМ: Нова измена на медиумските закони зад грбот на новинарите

ЗНМ: Нова измена на медиумските закони зад грбот на новинарите
Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се менува по скратена постапка и без никаква консултација со новинарите, обвинува Здружението на новинари на Македонија. Еден од двата клучни медиумски закони, кој беше изгласан пред само неколку месеци, сега повторно е во Собранието со измени и тоа по скратена постапка. Претседателот на ЗНМ Насер Селмани бара измените да се повлечат од собраниската процедура и да им се даде можност на новинарските и медиумските организации да се произнесат за нив. „Во ниту една демократска земја медиумските закони, не се носат без јавна расправа и без присуство на опозиција во парламентот, заради важната улога што ја имаат медиумите во секое демократско општество“, вели Селмани. Меѓу другото, предложените измени предвидуваат наместо два члена во Советот на МРТ да предлага мнозинското новинарско здружение на ЗНМ, сега еден од нив да предлага и второто по големина здружение - МАН, со што влијанието на ЗНМ во ова тело се намалува.
Слично

Поврзани вести