Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗНМ ги осуди повиците од Мирка Велиновска за линч на новинари

ЗНМ ги осуди повиците од Мирка Велиновска за линч на новинари

Од Здружението на новинарите на Македонија денеска ги осудија повиците за линч против новинари објавени пред два дена во дневниот весник Дневник.

„Етикетирањето на новинарите Горан Михајловски, Ацо Кабранов, Борјан Јовановски, Сашо Ордановски, Ана Петрушева и Катерина Блажевска како фашисти, криминалци и предавници, од колумнистот Мирка Велиновска, претставува еклатантен пример на говор на омраза и повикување на насилство. Ваквите брутални напади претставуваат смислена стратегија на власта, која преку нејзините мегафони со закани и притисоци се обидува да ги замолчи новинарите“, укажуваат од ЗНМ.

Оттаму дополнуваат дека Велиновска преку непримерен речник за комуникација со јавноста го девалвира угледот и достоинството на професијата, а преку бесмислена дискредитација на новинари атакува врз еснафската солидарност и медиумскиот плурализам.

Меѓудругото, предупредија дека доколку надлежните институции го толерираат говорот на омраза, тие  стануваат соучесници во евентуално насилство против новинари и побараа е Јавното обвинителство веднаш да покрене постапка против Велиновска, а полицијата да преземе превентивни мерки со цел да се заштитат новинарите од можни напади.

Слично

Поврзани вести