Знаете ли кое е најевтиното греење?
Грејната сезона е на прагот, а секое домаќинство прави пресметки кој тип на греење е најисплатлив. Како да се помине зимата со најмалку трошоци?
За разлика од традиционалните можности за греење на домот (дрво, струја, нафта...), споредбата покажува дека современите топлотни пумпи се всушност најисплатливата варијанта.
Топлотните пумпи се 3 до 5 пати енергетски поефикасни од било кој конвенционален извор на енергија (фосилни горива) - за да се добијат 10 kWh топлотна енергија за загревање на еден простор (просечен дом од 70 до 120м2) потребни се само 2 до 3 kWh електрична енергија.
Поконкретно, за еден стан/куќа од 100 м2 со потребен капацитет за загревање од 10kW, вкупните трошоци за загревање за една грејна сезона во зависност од изворот за загревање би биле следни:
Топлотна пумпа - 20.000 до 25.000 ден/грејна сезона
Електричен котел - 70.000 до 73.000 ден/грејна сезона
Котел на нафта - 75.000 до 80.000 ден/грејна сезона
Котел на пелети - 45.000 до 49.000 ден/грејна сезона
Градско греење - 55.000 до 58.000 ден/грејна сезона
Според ова, повратот на инвестицијата со користење на топлотните пумпи би била за 2 до 5 години, покажуваат анализите.
„Тенденциите во Европа е се поголемото користење на топлотните пумпи како извор за греење и секако за ладење. Германија како лидер во имплементирањето на енергетски ефикасни системи, и користење на обновливи извори на енергија, се повеќе ги користи топлотните пумпи во ново изградените објекти како извор за греење. Имплементација на топлотните пумпи е во речиси 35% од новоизградените објекти. Секако и во Македонија свеста за придобивките од имплементирање на топлотните пуми од година во година е се поголема посебно ова е изразено кај приватниот сектор, но и кај општествените институции“, вели Љубомир Илков, генералниот директор на ИЦС Груп, фирмата која е овластен застапник на топлотните пумпи на јапонската компанија Даикин во Македонија.
Користењето на водата како обновлив извор на енергија со геотермалните топлотни пумпи е веќе реализирано во повеќе објекти во Македонија, бидејќи ресурсот на подземната вода е достапен во поголемите места за живеење како што е скопскиот регион, полошкиот регион, охридскиот регион, струмичката котлина, градовите по течнието на Вардар и други места. Водата како обновлив извор е со константна температура од 12 до 15 степени Целзиусови преку целата година, со што ефикасноста на топлотните пумпи е иста преку целата година. ИЦС Груп веќе постави вакви системи во Аџибадем Систина, основно училиште во општина Илинден, деловен објект на Нет Елкетроникс, деловен објект на Фокус, но и повеќе индивидуални домови.
„За местата каде нема можност за користење на подземните води се користат воздушните топлотни пумпи, кои се наменети за индивидуалните станбени објекти и за деловни објекти со енергетска ефикасност, за цела сезона и до 4 пати подобра од конвенционалните системи за греење. Како се помасовен начин на загревање на просторот се инвертер сплит клима уредите кои можат да грееат и до надворешна температура на воздухот до -15 степени Целзиусови и се одлична можност со релативно мала инвестиција да се добие голем бенефит во заштедата на енегијата, која директно се одразува на месечните трошоци за греење“, вели Илков.
Слично
