Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗНАЕМЕ ЛИ ЗА ШТО ИМ ПЛАЌАМЕ НА БАНКИТЕ: Скриени камати и трошоци ги демнат клиентите!

ЗНАЕМЕ ЛИ ЗА ШТО ИМ ПЛАЌАМЕ НА БАНКИТЕ: Скриени камати и трошоци ги демнат клиентите!

“Најниска камата“, “Без меница“, “Нема трошоци за проценка“, “0% трошоци за одборување на кредити“ - со вакви атрактивни наслови, кои се дел од кампањите на банкарските групации, банкарите се обидуваат да добијат што повеќе клиенти – граѓани и фирми што ќе подигнат кредит или ќе решат своите депозити да ги вложат во банката. Се поатрактивна стана понудата на ниски каматни стапки, фиксни во одреден период а потоа пресметка на променлива камата. Во исто време, банкарите нудат и ослободување на трошоци за одбрување и администрирање на кредити. Дали банките се доволно транспарентни кон своите клиенти, особено кога станува збор за пресметка на камата но и за увид во сите трошоци што ги има еден клиент?

(Не)скриени трошоци…

Висина на каматна стапка, висина на фискна камата во одреден период, опеределување на променлива камата, висина на административни трошоци, меница, трошоци за апликација, еднократен надоместок при подигнување на кредит и при предвремена отплата на кредитот – ова се само дел од информациите што банката треба да ги обезбеди на клиентот, потенцијалниот корисник на кредит. Недамна, преку интерен допис до деловните банки, Народната банка испратила допис во кој од банките бара поголема транспарентност при склучување на новите договори меѓу банката и клентот. Во препораката, НБМ наведува дека на ваков начин ќе се зголеми повисок стапен на транспарентност но и ќе се намали правниот степен на ризикот кај банките.

“Во рамките на своите надлежности, Народната банка во допис од 21.10.2016 година им препорачува на банките, во новите договори за кредити и депозити да обезбедат поголема транспарентност во однос на начинот на определување на каматните стапки на производите што им ги нудат на своите клиенти. Станува збор за превентивна мерка која од една страна ке овозможи поголем степен на транспарентност и разбирање за условите кои банките ги нудат на своите клиенти, додека во исто време ке помогне да се намали правниот степенот на ризик кај банките“, велат од НБМ.

Дел од банкарите што ги контактираше “Фактор“ не сакаат да ги коментираат овие препораки содржани во интерниот допис, но главно велат дека банките работат во согласност со законите и дека на увид на клентите ги потенцираат сите трошоци поврзани со одборување на кредити или депонирање на депозити.

“Банкарските групации во земјава работат според законската регулатива, прописи и правила, и сметам дека во тој дел се почитува она што е обврзувачко за банките. Конкретно, во нашата групација нивото на транспарентност на сите трошоци поврзани со кредитирањето е максимално. И самите клиенти прашуваат а ние навремено ги информираме, така што сметам дека банката е целосно отворена и во наш интерес е поголемо нивo на транспарентност“ - коментираат за “Фактор“ од банкaрските кругови.

Во 2011 година, со цел да се зголеми транспарентноста на трошоците што ги имаат граѓаните при подигнување на кредити, се направија и стапија на сила нови решенија преку Законот за потрошувачи. Со овие измени, практично требаше да се стави крај на скриените трошоци на банките. Во исто време се ограничи и надоместокот што треба да го плати клиентот во случај однапред да сака да го исплати кредитот. Заедно со законските измени се овожможи на граѓаните да можат да се жалат и до надлежните институции, како Нардоната Банка, Министерството за финансии, Пазарната инспекција и Организацијата за заштита на потрошувачи, доколку се измамени или незадоволни.

Фиксна и променлива камата – што значи тоа ?

Во изминатиот период зачестија банкарските кредитни кампањи во кои се нуди ниска фиксна каматна стапки, за одреден период по што би следувала пресметка на променлива камата. Токму овој модел на кредитна понуда е нотиран и во дописот на Народната Банка.

“Народната банка им препорача на банките, во новите договори за кредити и депозити да обезбедат поголема транспарентност во однос на начинот на определување на каматните стапки на производите што им ги нудат на своите клиенти. Имено, во договорите со клиентите треба да биде јасно определена или определива висината на каматната стапка или начинот на нејзиното менување. Во суштина, каматната стапка треба да биде фиксна, односно непроменета во текот на целиот период или дефинирани периоди според договорот, или променлива. Променливата каматна стапка треба да биде јасно, прецизно и недвосмислено определена во договорот и нејзината висина да зависи од избрана референтна каматна стапка или референтен индекс врз чија основа таа ќе се менува. Исто така, треба јасно да биде определен временскиот период во кој ќе се врши периодично утврдување на висината на променливата каматна стапка, како и изворот на информации каде што ќе бидат јавно достапни или објавени договорно избраната, пазарна, референтна каматна стапка или референтниот индекс“ - велат од НБМ и додаваат дека со оваа препорака, се очекува клиентите на банките да имаат само појасна слика за начинот на формирање, но и за евентуалната промена на каматните стапки за производите за времетраењето на договорниот однос со банките.

Дел од банкарите коментираа дека во регионот и пошироко оддамна се нудата кредитни продукти по принципот “комбинирана каматна стапка – фиксна и променлива“ и дека ова сега станува атрактивно и на македонскиот пазар.

“Инцијативата на Народната банка е позитивна. Практично, НБМ бара во новите договори на клиентите јасно да им дадеме на знаење во кој период е фиксната камата а во кој период ќе биде променливата – и врз основна на што ќе ја одредуваме. Сега во дел од понудите пишува на пример дека променливата камата ќе биде во согласност со политиката на каматни стапки, но ова треба детално да го објасниме на клиентите, односно да се елиминира можноста банката по соствено видување да ги корегира каматите во периодот по истекот на важноста на фисната камата“ – коментираат банкари за “Фактор“.

Според Народната банка, интерната препорака  за поголема транспарентност не се очекува да има влијание врз тековната висина на каматните стапки.

Претседателот на Здружението Коста Митровски неодамна изјави дека банките се поготвени во следниот период да го кредитираат населението, а посебно компаните. Не сакаше да коментира на новинарски прашања, само посочи дека
штедењето во овој период бележи нагорен тренд.

Р.Ф.

Слично

Поврзани вести