Економија, финансии, бизнис

Контакт

Значителен пад на извозот од Македонија

Значителен пад на извозот од Македонија

Вредноста на извозот на производи од Македонија за оваа година, односно за периодот од јануари до август, изнесува 5.190,2 милиона евра и бележи пад од 5,7 отсто во однос на истиот период лани.

Од друга страна увозот е незначително зголемен. Вредноста на увeзената стока е 7.341,3 милиони евра, што е за 0,6 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Трговскиот дефицит е 2.151,2 милиони евра, а покриеноста на увозот со извоз во надворешнотрговската размена е 70,7 отсто. Земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.

„Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица“, објави ДЗС.


Слично

Поврзани вести