ЗНАЧАЈНО ПОЕВТИНУВАЊЕ НА БЕНЗИНИТЕ И ДИЗЕЛОТ: Еве ги новите цени
Значајно поевтинување на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ.
Според новиот ценовник на Регулаторната комисија за енергетика од 2 март практично бензините ќе се продаваат за три денари поевтино, додека цената на дизел горивата се намалува за два ипол денари.
Така, литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 64 денари, додека еуросуперот од 98 октани ќе се продава за 66 денари литар.
Дизелот ќе чини 56 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство 45 денари.
Поевтино од полноќ ќе се продава и мазутот кој ќе чини 30,390 денари.
Овие цени ќе важат до следниот понеделник.
Слично
