Змија во автомобил во Тетово, пожарникари ја извадија од возилото
Во автомобил во Тетово синоќа е најдена змија.
Тетовчани во центарот на градот се собрале околу автомобилот откако забележале змија долга околу 40 сантиметри во неговата внатрешност, јавува Алфа Тв.
Веднаш е повикана екипа од Противпожарната единица во Тетово која интервенира во вакви случаи. Автомобилот од безбедносни причини со помош на пајак служба е пренесен во седиштето на Противожарната единица каде што змијата е извадена и пуштена на слобода.
„Апелираме до сите граѓани доколку имаат вакви проблеми, сега кога темепратурата е покачена, да ни се обратат за стручно мислење и совети да помогнеме колку што можеме за нивно отстранување од куќите или автомобилите“- вели Бобан Трпковски, заменик командир на ТППЕ Тетово.
Од Притивпожарната единица велат дека нема начин како граѓаните да превенираат вакви случај, затоа што змиите се влекачи и многу често успеваат да влезат во автомобилите, најчесто за време на излети и престој во природа.
Ако вакво нешто се случи, препорачуваат граѓаните веднаш да треба да се обратат до надлежните.
Слично
