Златото со неделен профит за првпат од февруари
Златото забележа неделен профит за првпат од февруари.
Внимателниот тон на ФЕД доведе до распродажба на долари и купување на злато. Според многу аналитичари внимателноста на ФЕД се должи на засега нејасната фискална реформа. Ризиците се најдобар магнет кој ги привлекува инвеститорите кои бараат азил. Цената на благородниот метал се зголеми за 0.26%, завршувајќи на 1 229.56 долари за унца, а фјучерси со испорака во април ја завршија сесијата со покачување од 3,10 долари, достигнувајќи 1 233.13 долари за унца.
Нафтата исто така беше поддржанa од слабиот долар.
Се очекува неделава да биде добра за еврото, по позитивните вести од политичката сцена.
Слично
