Златото се врати на тронот! Еве зошто сите сериозни инвеститори повторно го купуваат!
Постојаните геополитички тензии не престануваат, инфлацијата е поприсутна во сè поголем број земји, трговските војни продолжуваат, па затоа е сè поочигледно дека секојдневно нè очекува уште понеизвесна иднина.
Иако многу работи во овие времиња се непредвидливи, финансиските инструменти претставуваат сигурна инвестиција на која секогаш можеме да се потпреме. Златото е скапоцен метал кој ги преживува најновите глобални тензии, и не само што ги преживува, туку ги користи и за да достигне нови пазарни височини.
Не е потребно да се каже дека во споредба со претходните неколку години, растот на златото е над 85 отсто, но важно е да се следи движењето на неговата цена во последната година, за можни проекции за иднината. Во споредба со минатата година, неговата цена се зголеми за околу 37 отсто, додека во споредба со претходните шест месеци, цената е речиси 24 отсто повисока. Во последниот месец, цената стагнира и е или во благ пораст или во благ пад што е околу 1 отсто.
Една од најбезбедните инвестиции на долг рок, може да донесе видлива добивка дури и на краток рок.
