Економија, финансии, бизнис

Контакт

Златото поскапе за речиси 25 проценти во првото полугодие

Златото поскапе за речиси 25 проценти во првото полугодие

Од почетокот на годината златото  поскапе за околу 25 проценти.

Неделно златото поскапе со 16,70 долари (1,27%), што е петто по ред неделно поскапување.

Во понеделник златото продолжува да поскапува и до 10 часот се тргува со над 1% раст до 1 353,60 долари за унца.

Во јуни цената се зголеми за речиси 9%, што пак е најголем месечен раст од февруари.

Индексот на доларот, кој ја мери силата на американската валута во однос на шест други валути, се намали до 95,48 поени, што беше најниско ниво од 24 јуни.

Слабиот долар обично ја поттикнува цената на златото и среброто, бидејќи тие стануваат попривлечни како алтернативни средства.

Побарувачката на злато одамна не била толку голема колку во моментов. Во првиот квартал од 2016. година се продадени 1.290 тони, 20 проценти повеќе од истиот период лани.

Цената на златото речиси се дуплираше во последните десет години.

Слично

Поврзани вести