Златото поскапе, грам достигна околу 119 евра
Цената на златото повторно бележи раст и го засилува интересот кај инвеститорите. Според актуелните пресметки, еден грам злато се движи околу 119 евра, додека една унца, односно 31,1 грам, достигнува вредност од околу 3.708 евра.
Растот на цената се поврзува со зголемената неизвесност на светските пазари, геополитичките тензии и поголемата побарувачка за стабилни вложувања во услови на економски притисоци.
Златото традиционално се смета за сигурна инвестиција во периоди на кризи и пазарни турбуленции. Токму затоа, кога инвеститорите очекуваат нестабилност, забавување на економијата или промени кај каматните стапки, дел од капиталот често се насочува кон благородните метали.
Слично
