Економија, финансии, бизнис

Контакт

Златото поевтинува втора недела

Златото поевтинува втора недела

Златото поевтинува втора недела, така што цените на металот се намалија во петокот до најниско ниво од мај. 

Цената на златото се намали во петокот до најниско ниво од мај наваму, откако доларот поскапе до речиси 14-годишен врв, објави Investing.com.

Вредноста на валутата беше охрабрена од подемот по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД и од очекувањата дека Федералните резерви на САД ќе ги подигнат каматните стапки во декември.

Фјучерси на златото за испорака во декември на платформата Comex во Њујорк поевтинија до 1 202,05 долари за унца во петокот и ја затворија сесијата со 0,74% пад до 1 207,9 долари за унца, што беше најниско ниво на затворање од 3 јуни.

Златото во долари станува поскапо за носителите на други валути, кога американската валута е посилна.

Денеска околу 10.50 часот златото поскапува со 0,45% до 1 214,15 долари за унца.

Слично

Поврзани вести