Златото поевтини - колкава е цената на овој метал?
Фјучерси за испорака на злато на берзите во САД поевтинија во почетокот на трговијата во петокот со 6,9 долари, во однос на четвртокот до 1212,50 за унца, објави Reuters.
Основна причина е поскапувањето на доларот во однос на јенот. Во последните месеци максимум беше забележан на 17 ноември, кога металот достигна цена од 1225,30 долари за унца.
Денес резервите од злато на најголемиот во светот берзански фонд SPDR Gold Trust се зголемија со тон и пол до ниво од 811,22 тони. Од почетокот на неделава е забележан раст на побарувачката во Индија. Таму властите ги задржаа увозните давачки и за следната буџетска година.
Во 2016 година инвестициите во злато достигнаа 4-годишен врв,а во исто време, побарувачката од индустријата за накит е најмала од 2009 година досега, соопшти денеска Светскиот совет за злато (WGC).
Среброто во петокот се тргуваше по 17,32 долари за унца, наспроти 17,43 долари во четвртокот. Платината денеска се тргува по 989,50 долари, наспроти 1.000,20 вчера.
