ЗЛАТОТО ПАЃА ЦЕЛА НЕДЕЛА: Вложувачите му се враќаат на ризикот и големите заработки
Во неделниот пад на вредноста на златото аналитичарите на пазарите за услуги пронаоѓаат знак дека инвеститорите им се враќаат на акциите кои значат голем ризик, но и поголема заработка.
Неделните податоци и даваат аргументи на таквата теза, но ако се погледнат малку подолгорочните трендови, тешко е да се заклучи дека паниката исчезнала од пазарот.
Од Брегзит вредноста на златото пораснала вкупно 5 посто, а за година дена, и покрај лесната корекција забележана во поседните две недели, златото порасна за речиси 28 посто од вредноста. Сепак, тоа е далеку од рекордните вредности забележани во текот на стравот од рецесијата со двојно дно во 2012 кога за златото се даваа речиси 1800 долари по унца.
Корекција на цената на златото може да се очекува и во контекст на значајни заработки на акционерските пазари кои после краткорочниот шок предизвикан од референдумот во Велика Британија продолжува да реди високи приноси. Златото последниот ден на тргување минатата недела чинело 1323,40 долари по унца и недела дена изгубило повеќе од 1,1 посто од својата вредност, додека цената на среброто паднала 3,5 посто во истиот период и во петокот се купувало за 19,7 долари по унца.
Непишано правило за вложување вели дека во времињата на криза се вложува во сребро и злато.
