Златото од криминалците ќе завршува во сефовите на Народата банка
Златото што во соодветна кривична или прекрошна постапка ќе биде одземено од сторителите на делата подоцна ќе заврши во сефовите на Народната банка. Ова е предвидено со најновите измени на за Законот за управување со конфискуван имот.
Предлог Законот се уште не е стигнат до Собранието и се уште не е детално објавен, но во краткото образложение е наведено дека Предлог Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постака предлага системски подобрувања во однос на постапките за управување со одземен имот и поставеноста на Агенцијата и можноста
„Благородните метали - златото што го има стекнато Агенцијта за управување со одземен имот во кривична и прекршочна постапка да се отстапи на Народна Банка на Република Македонија со цел негово претворање во златни полуги,, стои во појаснувањето на законските измени.
Но, освен ова во измените се предлага и забрзување на поцедурата за продавање на одземениите возила.
„Со предлог законот воедно се вршат измени во насока на забрзување и поедноставување на постапката за добивање согласност од судовите за продажба и отстапување на привремено одземени возила, стои во краткото објаснување на законските измени.
За измените на Законот не е предвидена јавна расправа.
Слично
