Економија, финансии, бизнис

Контакт

Златото на Соња ќе се дели меѓу штедачите на ТАТ

Златото на Соња ќе се дели меѓу штедачите на ТАТ
Врховниот суд одлучи - златото на сопственичката на пропаднатата битолска штедилница ТАТ Соња Николовска влегува во стечајната маса и ќе им биде поделено на оштетените штедачи. Судот ја отфрли ревизијата која ја побараа децата на Николовска, со тврдење дека одземениот златен накит бил лична сопственост на нивниот покоен татко Стерјо Николовски. Постапката за златниот накит на Николовска трае речиси 17 години. Во март 1997 година, по пропаѓањето на ТАТ, од нејзиниот дом беше запленето поголемо количество злато и други скапоцености, според првичните проценки вредни околу 150.000 евра. Првостепениот суд пресуди дека златото е на штедачите, но наследниците на Николовска се пожалија на Апелација, а на крај случајот стаса и до Врховен суд. Златото сега ќе се проценува и впаричува за да се исплатат штедачите. Околу 5.000 штедачи во пропаднатата штедилница се уште не се обесштетени за изгубените пари. Тие сметаат дека со ваквата одлука, правдата конечно е задоволена. „Минорна е сумата од златото кога ќе ја делат штедачите, но има и други имоти кои се под хипотека и чекаме на нив. Капка по капка, се надеваме дека ќе биде обесштетен и последниот штедач на ТАТ“, вели Пеце Гугучевски, претседател на Здружението на необесштетени штедачи на пропадната штедилница ТАТ.
Слично

Поврзани вести