Златото ја губи сигурноста
Џорџ Сорос вели дека златото би требало да биде ултимативно безбеден рај за инвеститорите, но работите не се толку едноставни.
-Кога минатата година, еврото беше блиску до колапс и златото ја загуби својата вредност. Тоа е така, бидејќи во тој момент луѓето треба нешто да продадат, а тие најчесто го продаваат златото“, изјави Сорос, пренесува Бизнис Инсајдер.
Според него златото губи од својата вредност исто како и еврото.
-Златото кое претставуваше сигурно засолниште е уништено, и се покажа дека и тоа не е совршено безбедно. Поради ова разочарување многу луѓе ги намалија своите залихи од злато. Но, централните банки и понатака ќе продолжат да купуваат злато, па лично јас не очекувам дека неговата вредност драстично ќе оди надоле. Златото на берзите е нестабилно, неговата цена варира секојдневно, и тоа повеќе не претставува тренд и симбол за стабилност“, истакна милијардерот.
Слично
