Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЛАТОТО И НАТАМУ ЌЕ БИДЕ БАРАНО: Лани имаше пораст на побарувачката

ЗЛАТОТО И НАТАМУ ЌЕ БИДЕ БАРАНО: Лани имаше пораст на побарувачката

Во светот и годината ќе има интерес за купување злато. Побарувачката за злато достигна рекордно високо ниво минатата година и се очекува да продолжи да расте. 

Станува збор за раст од околу 3 отсто на 4.899 тони во 2023-та година, објави Светскиот совет за злато во својот годишен извештај (WGC). Ова е највисока сума од 2010-та година, анализира Блумберг. 

Тековните конфликти, трговските тензии и претстојните избори на повеќе од 60 локации ширум светот веројатно ќе ја поддржат побарувачката оваа година и ќе го неутрализираат потенцијалниот удар за купувањето накит во услови на високи цени и економско забавување. 

Просечната цена на златото се зголеми во 2023-та година на рекордно високо ниво од 1.940,54 долари за троја унца, соопшти „WGC“.  Годинава и кај среброто имаше пораст на цената. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести