Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЛАТОТО ГОДИНАВА ПОСКАПЕ ЗА 12 ОTСТО: Што е тоа што ја „билда“ цената?

ЗЛАТОТО ГОДИНАВА ПОСКАПЕ ЗА 12 ОTСТО: Што е тоа што ја „билда“ цената?

Цените на златото глобално се зголемија за 12 отсто од почетокот на годината. 

Светскиот совет за злато не ја исклучува можноста дека цената и оваа година ќе расте.  Цената на златото од почетокот на годината неколкупати уриваше рекорди, од средината на март до средината на мај, а во вториот квартал на 2024 година унца злато најмногу се продаваше за повеќе од 2.300 долари.

Светскиот совет за злато соопшти дека растот на цената на златото е поттикнат од интересот на централните банки, азиските инвестициски текови и геополитичките тензии.

Глобалната економија покажува колебливи показатели за раст и се бори со пониска, но сепак непријатна инфлација. 

„Се чини дека светската економија, како и златото, очекува одреден импулс“, велат од Светскиот совет за злато.

И среброто оваа година имаше извесен раст. 

Слично

Поврзани вести