Златото го губи сјајот, сите му вртат грб
За 14% падна побарувачката за злато во првата половина на 2017 година, и тоа е најниско ниво за последните 8 години.
Американските трговци му свртеа грб на златото кое беше сигурна инвестиција, велат од Светскиот совет за злато.
Глобалната побарувачка на злато за првите шест месеци падна за 2.004 тони во споредба со истиот период лани.
Полошо било во 2009 година кога побарувачката била 1.853 тони.
Пад од скоро 10% на нешто помалку од 1000 тони имаше во вториот квартал годинава.
Зајакнувањето на доларот ги однесе инвеститорите од злато на долар.
Слично
