Злато или биткоин - во што да инвестирате?
Златото е подобра инвестиција од биткоинот.
„Голдман Сакс“ очекува златото на долг рок да го надмине биткоинот.
Анализата на „Голдман“ заклучи дека трговците користат злато за заштита од инфлација и пад на доларот, додека биткоинот наликува на „ризични технолошки акции“. Вредноста на биткоинот, кого банката го нарече „решение кое бара проблем“, произлегува од опсегот на неговите идни случаи на употреба во реалниот свет, што го прави понестабилно и шпекулативно средство од златото. Што се однесува до валутите, доларот зајакна на азиските пазари на почетокот на неделата, поттикнат од податоците дека производните цени во САД се зголемија повеќе од очекуваното во ноември.
Слично
