„Златна треска“ во Босна и Херцеговина
Босна и Херцеговина ја зафати „Златна треска“, откако во северниот дел на земјата беше пронајдено злато, јави Танјуг.
Во селото Стригова има вистинска инвазија од копачи на злато, кои се во потрага по овој благороден метал на брегот на реката што тече низ селото.
Локалниот жител Бранко Тадиќ, кој отркил злато во регионот, пред новинарите изјави дека селото за две недели било преплавено од посетители.
- Пристигнуваат луѓе од сите делови на Босна. Без да обрнат внимание на студот влегуваат во реката, во потрага по злато, изјави Тадиќ.
Тој нагласи дека копачите на злато досега не откриле ништо, но затоа редовно ги губат личните предмети како мобилни телефони, клучеви од автомобили или ракавци.
Бранко Тадиќ потврди дека има намера да продолжи со потрагата на злато, но во подобри временски услови, откако ќе мината пролетните дождови и ќе се намали водостојот.
