Економија, финансии, бизнис

Контакт

Златибор и Копаоник немаат празно место: По Врање, колку туристи од Македонија отидоа на скијање кај соседите

Златибор и Копаоник немаат празно место: По Врање, колку туристи од Македонија отидоа на скијање кај соседите

Викендов и двата неработни дена поради Денот на државноста во Србија ги наполнија зимските центри во соседната држава. На Златибор моментно има 30.000 луѓе, пишуваат српските медиуми. Хотелите се полни до последното место, а да се најде кревет во приватните капацитети било благослов. Гужвата не оди во прилог на ширењето на пандемијата - напротив. Но колку туристи се од Македонија? 

Откако во Србија може да се патува без негативен ПЦР тест, значително поголем број луѓе од овде одат натаму и обратно. Останаа запаметени преполните автобуси со Македонци кои го запоседнаа Врање кое сега е жариште на коронавирусот. 

Директорот на Туристичката организација Златибор, Владимир Живановиќ, за порталот Нова.рс, изјави дека зафатеноста на капацитетите во хотелите, како и регистрираното приватно сместување е 100 проценти.

„Во моментов има 30.000 гости на Златибор, капацитетите се полни, па доколку некој реши да оди во Златибор, советот е прво да се обезбеди сместување бидејќи според нашите записи, нема повеќе слободни работни места. Може да се најде кревет во нерегистрирано приватно сместување, но немаме такви информации. Сите хотели се преполни, без достапни соби. Во сите хотели се почитуваат валидните мерки за заштита, изјавил Живановиќ.

Максималната температура на Златибор денес беше минус десет степени и во текот на ноќта може да се спушти до -20.

Чекањето за возење со гондола е околу 30 минути поради студеното време, а доколку се покачи температурата, времето и редиците ќе бидат значително подолги.


Слично

Поврзани вести