ЖИВЕЕЛА ВО ЛАПОНИЈА: Раскажува како е да се работи на -40 степени
Марија Ткалчиќ од Сисак по 5 месеци работа на брод и пловење по Карибите, решила да замине во Лапонија за да живее и работи.
Оваа девојка раскажува дека на -40 степени во овој дел на Финска нема многу што да се работи. Во хотелот каде работела имала многу обврски и никогаш не било здодевно.

„Но, животот не запира заради снегот и ниските температури, туку луѓето одат на работа, децата во училиште и градинка. Кога е -18 степени, тоа за Финците е ок, а на -5 степени одат по кратки ракави и за нив тоа е пролет“ - вели Ткалчиќ.
Заработувала по 12 евра по час, а за сместување плаќала 150 евра.
„Доаѓаат луѓе од целиот свет, повеќето за да ја доживеат поларната светлина. Највеќе има Азијци, но и Арапи, Британци, Американци, Германци, Италијанци. Гостите се фасцинирани со природата, а некои се враќаат и по 18 години“ - додава девојката.
Работата ја пронашла преку бугарска агенција и успеала да ја добие по половина час интервју по Скајп.
За Финаска вели дека има скапа храна и пијалоци заради високите даноци. Во хотелот за 5.4 евра можеле да добиваат оброк, но додава дека е поисплатливо сама да готви.
За рестораните вели дека е скапо и еден човек за вечера може да потроши 40 евра.
