„ЖИТО ЛУКС“ ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДО 2030 ГОДИНА ДА ГО КОРИСТИ РЕВОЛВИНГ КРЕДИТОТ - 6,5 милиони евра од Комерцијална банка
Компанијата за производство на леб и бели пецива, „Жито Лукс“, и натаму ќе продолжи да користи револвинг кредит од Комерцијална банка.
Станува забор за кредит со лимит од 6,5 милиони евра, кој ќе се користи и во следните осум години.
„Житo Лукс АД Скопје информира дека е продолжен Договорот за рамковен револвинг
кредит-лимит на износ од 6.500.000 евра со Комерцијална Банка АД Скопје, со важност
до 30.04.2030, врз основа на залог на недвижен имот и подвижни предмети“, се вели во ценовно чувствителната информација која компанијата ја испрати до берзата.
Н.Н.Ф.
Слично
