ЖИТЕЛИТЕ НА ЕЛ САЛВАДОР СЕ КРЕНАА НА НОЗЕ: Не сакаат да користат биткоин како официјална валута
Масовни протести има во Салвадор, бидејќи луѓето не сакаат биткоин како официјална валута. Во оваа земја многу граѓани немаат ниту банкарска сметка, ниту пристап до интернет.
Еден ден откако биткоинот стана официјално средство за плаќање во една од најсиромашните земји во светот, Ел Салвадор, избувнаа масовни протести, при што вредноста на оваа дигитална валута падна дури за 20 проценти, пренесува Би-Би-Си.
Биткоинот во еден момент се намалил од 52 илјади долари на 43 илјади.
За да ги поттикне граѓаните да учествуваат во експериментот и да почнат да користат биткоин за плаќање, владата донираше биткоини во вредност од 30 долари за секој граѓанин.
Во исто време кога почна употребата на биткоин како официјална валута во Ел Салвадор, првата земја во светот што направи таков потег, слична иницијатива беше покрената и во друга централноамериканска земја – Панама. Во парламентот се појави предлог -закон, според кој и Панама треба да започне со широка употреба на биткоинот. Предлогот на Панама оди чекор подалеку, предлагајќи веднаш „со ист трошок“ воведувањето на криптовалути во официјална употреба да се прошири на Етереум и други.
Фото EPA-EFE/Rodrigo Sura
