Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зимување во Банско: подарок за секој купен стан до 15-ти февруари од Адора Инженеринг

Зимување во Банско: подарок за секој купен стан до 15-ти февруари од Адора Инженеринг

По повод рекордната продажба на 302 стана во 2014-та година, Адора инженеринг ќе ги награди со зимување во Банско, сите купувачи на стан од овој градежен бренд од почетокот на годинава до 15-ти февруари 2015-та година.

Kompleks Adora-Skopje-Aerodrom Park

Со овој подарок, компанијата, лидер во високоградбата во Македонија и регионот, традицинално сака да им возврати за довербата и лојаноста на купувачите, со грижа, љубов, внимание и награди, со што продолжува и во 2015-та година.

Адора инженеринг, синоним за докажано сигурна, квалитетна и економична еко градба, на крајот на 2014-та ја додели наградата автомобил ПОЛО на Тони Крстев од Скопје, со стан во Охрид, кој беше извлечен во наградната игра во која учествува сите купувачи на стан од овој градежен бренд минатата година.

Во 2014-та година Адора инженеринг оствари рекордна продажба на 302 станови, што е за 11 % повеќе од 2013-та година, беше соопштено на корпоративната прослава на 12 годишнината на компанијата во Александар Палас во Скопје.

Пред претставниците на МПЦ, државната и локалните власти, деловните партнери, купувачи и пријатели на Адора инженеринг, беа промовирани книгата „Можеш и ти“ од авторот проф. д-р Венко Андоновски и фондацијата ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ.

Слично

Поврзани вести