Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зимата може да дојде, ЕВН подготвен за сите предизвици

Зимата може да дојде, ЕВН подготвен за сите предизвици

Во пресрет на зимата ЕВН Македонија информира дека целосно се опремени и подготвени тимовите за интервенција, а севкупната техника и човечки ресурси се ставени на располагање за евентуални реакции.

Направена е инспекција на 13.000 километри дистрибутивна мрежа на сите напонски нивоа, како и анализа на подготвеноста на 9.000 трафостаници во Македонија. Се интервенирало на сите маркирани критични точки, при што е исчистена вегетацијата на 156 километри среднонапонска и на 120 километри нисконапонска мрежа. Заменети се над 2.000 столба на средно и нисконапонско ниво, а санирани се над 2.500 делумно оштетени столбови. Последните 9 месеци е изградена  100 километри нова кабловска дистрибутивна мрежа на ниско и среднонапонско ниво и заменети се над 60 километри стар кабел со нов со поголем пречник за подобро снабдување на корисниците.

- За полесно справување со зимата направени се стратегии и договори за заедничко делување со општините и поголемите зимски центри во земјава. Екипите се опремени со зимска опрема и возила за движење во тешко пристапни места. Специјализирани возила за специфични интервенции, мерни коли за лоцирање дефекти и друга опрема се распоредени низ сите поголеми центри во земјава. На располагање е ставена целата механизација, но при евентуални непогоди таа може двојно да се зголеми со дополнителни санки, скутери и други тешки зимски возила од компании со кои ЕВН има рамковни договори за користење, се вели во соопштението.

Од ЕВН Македонија укажуваат дека се анагажирани околу 300 електромонтери  во тимовите за брзи интервенции, а уште 400 може да бидат ангажирани дополнително. Во случај на големо невреме и опасност по мрежата според договорите со надворешни компании може да се вклучат уште 300 дополнителни електромонтери.

- Сите активности на ЕВН се насочени кон успешно справување со предизвиците на зимата. Останува и натаму апелот за рационално користење на енеријата и за заедничко делување против крадците на елетричната енергија, соопштуваат од ЕВН Македонија.

Слично

Поврзани вести