ЗИМАТА ДОАЃА, А ЦЕНИТЕ НА ПРИРОДНИОТ ГАС ВО ЕВРОПА СКОКААТ: Удар на буџетот кое ќе го почувствува секое домаќинство
Секое домаќинство ќе го почувствува ударот од поскапувањето на природниот гас....
Газпром вели дека скокот на цените на гасот е резултат на ниските резерви во европските подземни складишта пред зимската сезона.
Цените на природниот гас на европскиот пазар деновиве пораснаа за повеќе од 5%, достигнувајќи речиси 900 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат податоците .
Цената на октомвриските фјучерси за гас во центарот ТТФ во Холандија, најликвидниот европски центар, достигна 895,30 долари, што е зголемување за 5,4% во споредба со нивото достигнато на крајот од минатата недела.
Цените на европскиот гас достигнаа рекордни вредности во изминатиот месец, а проценетата цена на октомвриските фјучерси го достигна декемврискиот максимум од 963,90 долари, на 15 септември.
Тој скок се припишува на приближувањето на зимската сезона и економското закрепнување по блокадите воведени поради „Ковид-19“, низ целиот свет. Ова, наводно, ја зголемило побарувачката од домаќинствата и деловните субјекти, додека помалите инвестиции на глобалните дупчалки го ограничуваат производството, пишува РТ.
Минатата недела, извршниот директор на украинската државна енергетска корпорација „Нафтогас“ го обвини рускиот „Гаспром“ дека намерно ја суспендира испораката на гас од Европа, со што манипулира со пазарите.
Руската енергетска корпорација вели дека скокот на цените на гасот е резултат на ниските резерви во европските подземни складишта пред зимската сезона. Од 19 септември, тие резерви, се додава, беа полни само 72%, што е речиси 14% помалку отколку во последните пет години.
Претходно овој месец, германското министерство за енергетика објави дека „Русија е целосно во согласност со своите обврски да ја снабдува Европа со гас“, нагласувајќи дека „нема потреба државата да се меша во ситуацијата со цените“.
- Сите страни треба да ги имаат предвид гаранциите дадени во врска со почетокот на гасоводот „Северен тек 2“, а Украина треба да го задржи статусот на транзитна земја за рускиот гас - рече кандидатот на Социјалдемократската партија за германски канцелар, Олаф Шолц, на прес -конференција.
