Зиков: Новиот буџет не е развоен!
Новиот буџет не е развоен туку социјален, 60% догодина ќе се потроши за пензии, плати и социјални трансфери, а 13 % за капитални инвестиции, истакна Љупчо Зиков, претседател на Алијансата за Позитивна Македонија.
Според Зиков, треба повисоко ниво на капитални инвестиции, за раст на економијата. Тој додава дека трошења на државата како што се сега поставени, бараат многу поголем буџет од сегашниот поставен на 2,9 милијарди евра.
„Ние сметаме дека Македонија за да го издржи ова вака, на земјата и е потребен буџет од 3,5 до 3,8 милијарди евра. Дури тогаш ке можеме да кажеме дека буџетот нуди функционална пазарна економија“, вели Зиков.
Тој предупреди и дека земјава може да го загуби кандидатскиот статус и побара зголемен ангажман од владата и енергичен реформски процес.
„ Фактот дека Советот на министри и европскиот совет уште еднаш по петти пат ја одбива препораката од својата администрација за почеток на преговорите со Македонија, само ја покажува решеноста на Унијата дека доколку нашата држава не се зафати со решение на овие проблеми ќе го изгуби кандидатскиот статус“ вели Зиков.
Македонија е политички блокирана од Грција, додава тој ,а ЕУ не реагира на овие грчки ставови што значи дека политичи гледано ги прифаќа.
Според Зиков македонското општество е длабоко изолирано во однос на европските трендови, а во Македонија има длабока криза во однос на владеењето на право, одсуството на реформи во судството и слободата на изразување.
Слично
