Зиков стана претседател на „Алијансата за позитивна Македонија“, Јорданов е прв човек во Советот
Љупчо Зиков е избран за претседател на граѓанското движење „Алијанса за позитивна Македонија“, Минчо Јорданов пак стана претседател на Советот на Алијансата. Денеска во Скопје се одржа основачкото собрание на движењето каде се избраа и главниот и надзорниот одбор на движењето, а се усвои и платформата за работа.
„Ќе работиме за доброто на Македонија и нејзините граѓани, ќе се менуваме и ќе правиме промени за граѓаните да не сакаат да си одат од Македонија“, рече Љупчо Зиков, кој ја обвини Владата дека води погрешна политика и земјава поради тоа е зафатена од „белата чума“.
Според водството на Движењето, тоа ќе биде отворено за сите граѓани независно од нивната етничка припадност, треба да помогне во задржување на граѓаните во земјава како и да го подигне нивото на политичка култура и намали поделеноста.
„Не велам не чинат работите, или само ова е добро, таа неподнослива поделеност, поларизација, ја намалува успешноста на водењето на нашиот заеднички брод“, изјави бизнисменот Јорданов.
Подобрување на лошата економската состојба во земјата ќе биде приоритет за Алијансата, а тие се на став и дека треба да продолжат преговорите за името, додека црвена линија за нив останува идентитетот.
Слично
