Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зијадин Села формира „трета опција“ за Албанците во Македонија?

Зијадин Села формира „трета опција“ за Албанците во Македонија?
Струшкиот градоначалник Зијадин Села иницира формирање нова партија или движење на Албанците во Македонија, објавува Дојче веле, најавувајќи дека промоцијата на новата политичка опција би можела да се случи наскоро. Според Дојче веле, како иницијативно јадро за формирање на новата партија која се најавува во албанскиот блок, сè почесто се спомнува Села заедно со група интелектуалци и публицисти. Споменатите не сакаат во овој момент јавно да ја коментираат ваквата најава, но дел од нив признаваат дека „на терен постои силен притисок и разговори за формирање нов политички субјект, кој конечно темелно и конзистентно ќе ги застапува интересите на граѓаните Албанци, кои одамна се заборавени од ДУИ и ДПА“. Села беше исклучен од ДПА поради несогласувањето со лидерот Мендух Тачи, во екот на кампањата за последните претседателски и предвремени парламентарни избори. Несогласувањето се појави поради различните ставови на двајцата за тоа кој треба да ја предводи листата на ДПА во петтата изборна единица.
Слично

Поврзани вести