„Зиддојче Цајтунг“: Искрен гнев и бес во Македонија поради политиките на власта
Германскиот весник Зидојче Цајтунг во освртот на протестите во Македонија пишува дека тие не се стратешка одлука за Русија или Западот туку резултат на искрен бес поради политиките на власта, пренесува Дојче Веле.
„Во Македонија повторно секоја вечер демонстрираат илјадници луѓе против политиката на една влада, која загубила секаква врска со населението“ , се вели во воведот на текстот на германскиот весник Зиддојче Цајтунг со наслов „Искрен гнев“, посветен на политичката криза во Македонија. Текстот почнува со опис на проектот „Скопје 2014“: Жителите на Скопје најнапред прилично долго само збунето се исчудуваа. Одеднаш повеќе не живееја во бетонски град, сиров и сив, туку во Антиката. На коцкастите станбени згради се закачени фасади од стиропор, преку реката беа поставени грациозни мостови, јонски столбови никнаа од земјата(...) На почетокот мерките за разубавување делуваа - во зависност од тоа колку набљудувачот е добронамерен- час амбициозно, час бизарно. Во меѓувреме, меѓутоа „Скопје 2014“ стана симбол на една власта која во својата мегаломанија загубила секаков допир со народот“, пишува Зиддојче Цајтунг.
„Откога во Македонија секоја вечер луѓето повторно излегуваат на улица против владината политика, многу бели фасади добија нова смисла: станаа платно за балоните со боја на демонстрантите. Триумфалната порта, дваесетметарската статуа на Александар Велики, фонтаната „Мајка Македонија“ - сето е извалкано. Обоената вода на фонтаната и шарените флеки на зградите на некои коменттаори им беа повод да говорат за Шарена револуција. Тоа се надоврзува на таканаречената Портокалова револуција во Украина, која со себе повлече хаос на Мајдан а потоа и во целата земјаНезадоволството во земјата на тој начин се толкува и геополитички. Од руска перспектива обоените револуции се дело на западните агитатори кои целно дестабилизираат земји како Македонија. Од перспектива на Фондацијата Отворено општество на американскиот милијардер Џорџ Сорос наспроти тоа овие протести се доказ за приврзаноста кон демократските вредности според американски пример. Една мала земја како Македонија на тој начин е прогласена како сцена на светска борба, како Студената војна никогаш и да не завршила“.
„Меѓутоа, можеби проблемот на Македонија е помалку во тоа што Русија и ЕУ редовно се натпреваруваат за доминација над Балканот, а повеќе во тоа што всушност никого не го интересира што навистина се случува во земјата. Граѓаните на улиците на веат знамиња на ЕУ и на Русија, туку македонско знаме. Бидејќи протестираат против власта која не ги третира како суверен народ туку како случајно присутна маса за обликување. протестот не е стратешка одлука за едниот или другиот систем, туку резултат на искрен гнев“, пишува Зиддојче Цајтунг.
„Актуелната криза започна кога македонскиот претседател Ѓорге Иванов кризата во земјата ја прогласи за завршена“, истакнува натаму весникот од Минхен пишувајќи во продолжение за одлуката на Иванов од 12. март за аболиција на 56 политичари и нивни соработници под тешки обвиненија за корупција.
„Кој ќе поразговара со демонстрантите во Македонија ќе чуе малку за голем заговор Исток против Запад. Наместо тоа невработеноста и сиромаштијата ги тераат луѓето на улица. Работа добива само оној кој е член на владејачката партија“
Весникот во продолжение хронолошки се осврнува на кризата која започна со објавувањето скандалот за прислушкување, по кој следуваа протести, договор меѓу водечките партии и оставка на премиерот Никола Груевски по 10 години минати на власт.
Целиот текст прочитајте го тука.
