Жртви во БИХ, во тек е масовна евакуација!
Според Министерството за безбедност, во БиХ под закана се повеќе од еден милион и двесте илјади жители, на различни начини, но, за среќа, не толку во животна опасност.
Според зборовите на помошник-министер за заштита и спасување Самир Агич, ситуацијата на теренот предизвикана од обилните дождови и поплави продолжува да биде исклучително тешка.
Дејствуваат 12 хеликоптери, се врши евакуацијата на населението, се бара меѓународна помош и се очекува доаѓање на специјални единици.
Тој посочи дека тешка е ситуацијата во Посавина , Шамац, Орашје, Бијелина , а во моментов тече масовна евакуација.
"Според нашите информации, меѓу осум до десет илјади луѓе се во движење најголем број од нив се организирани, од страна на локалните тимови на теренот, така што веруваме дека тоа ќе биде успешно завршен евакуација ", рече Агич.
Вкупниот број на потврдени жртви на поплавите во БиХ е дванаесет. Шест тела се порнајдениутрото во Добој а пет лица загинаа во петокот.
Според извештаите на локалните медиуми се верува дека вкупниот број нажртвите е 16, но се уште нема официјална потврда .
Слично
