Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жолто златно поле и разгневен црвен лав – нов државен грб на Македонија?

Жолто златно поле и разгневен црвен лав – нов државен грб на Македонија?

Жолто златно поле на кое ќе има  разгневен црвен лав ќе биде новиот државен грб на Македонија.

За овој предлог Владата во моментов расправа а за да се усвојат ваквите измени на Уставот е потребно двотретинско и бадентерово мнозинство.

„Сегашниот грб на Република Македонија е во целост дизајниран според грбот на Советскиот Сојуз, според кој беа дизајнирани и грбовите на сите Советски Републики... Задолжителните елементи на сонце, ѕвезда петокрака, житни класје поврзани со лента со народни мотиви, го симболизираа ‘посветлото опшество на комунизмот’ до кое се доаѓа преку трудот на работничката класа и земјоделците“ стои во предлогот.
Новиот дизајн на црвениот лав е базиран на историските грбови, илустрациите на Верланд од 1481 и грбовникот на Бароад од 1581 кој преку стемографиите на Витезовиќ во 1694 и Жерафовиќ во 1741 станал и земски грб на Македонија, објави Алфа , а златно - жолтата круна која е украсена со бисери и рубини треба да го симболизира републиканското уредување на државата.
„Со тоа се цели да се истакне и прикаже суверенитетот и интегритетот на државата... Со донесување на овој грб, Македонија ќе се вброи во семејството на европските земји, како земја со европски стремежи, кои се грижат за своето минато, но и за својата иднина, промовирајќи заедништво и врзувајќи се за симбол кој не носи никаква поделба по ниту еден основ во себе, туку напротив создава единство на сите што живеат на овие простори“ стои во предлогот.
Инаку оваа промена на државниот грб доколку се усвои ќе биде втора, а првата  во која беше отстранета само црвената петокрака се случи во 2009-та година.
(Извор: Алфа)
Слично

Поврзани вести