Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жолтицата се враќа – за една недела 33-ца нови заразени!

Жолтицата се враќа – за една недела 33-ца нови заразени!
Само што ќе помине една здравствена паника во Македонија, се појавува друга. Повторно се враќа епидемијата на жолтица, која во изминатите неколку недели беше смирена. Според податоците на здравствените власти, скопскиот Центар за јавно здравје регистрирал 33 нови случаи само во изминатата недела. Со ова вкупниот број на заразени од жолтица во главниот град се искачи на 264. Меѓу заболените има лица на најразлични возрасти, како и неколку мали деца кои не одат во градинка, но се заразиле со личен контакт со друг заболен. Заразната болест ја има во сите општини, а најмногу во Шуто Оризари, но, за среча, за сега не покажува особен интензитет за ширење во училишните средини. Епидемиолозите ја следат состојбата на терен и ги советуваат граѓаните да продолжат да ги применуваат мерките за превентивна здравствена заштита, кои пред се се однесуваат на зголемено ниво на лична хигиена и контрола на исхраната.
Слично

Поврзани вести