ЖОЛТИЦА: Како да се заштитите?
По појавата на жолтицата најважно е како таа да не се шири. Еве неколку факти и препораки за жолтицата.
Факти
Вкупно 66 заболен, а 21 се заразиле само во последниве 10 дена од опасната жолтица. Пред стартот на учебната година извршена е дезинфекција во училиштата.
Најефектирана група се децата на возраст од 3 до 14 години и досега од оваа возрасна граница има регистрирано 23 случаи.
Хоспитализирани се 15 лица и никој не е во критична здравствена состојба.
Како се пренесува
Заразната жолтица е заболување коешто се пренесува по фекално-орален пат, односно вирусот од болно лице се исфрла преку фецесот, т.е. изметот, а заразата настанува при внесување храна со нечисти раце или од загадена вода.
Препораки:
ОДРЖУВАЊЕ ЛИЧНА ХИГИЕНА Се препорачува редовно одржување на личната и општа хигиена. Од особена важност е темелно миење на рацете задолжително пред секое јадење и по секое одење во тоалет.
МИЕЊЕ РАЦЕ Миењето на раце треба да биде со течен сапун или со сопствен сапун, а рацете да се бришач или со хартиен бришач или со крпа која само вие ја употребувате.
МИЕЊЕ ОВОШЈЕ Потребно е темелно миење на овошјето и зеленчукот пред јадење.
ВНИМАВАЈТЕ НА ВОДАТА Министерството препорачува да се внимава и која вода се пие. „Конзумирање безбедна вода за пиење (од водоводни мрежи), како и избегнување пиење вода од непроверени чешми, локални иззвори, бунари и слично“, гласи препораката.
ХИГИЕНА ВО ПРОСТОР Неопходно е и соодветно третирање и отстранување на отпадот, како и одржување на хигиена во домот и санитарните јазли, како и одржување на хигиената во колективни објекти каде престојуваат ученици, мали деца и постари лица (училишта, детски градинки, домови за згрижување стари лица).
Слично
