Економија, финансии, бизнис

Контакт

Животот во Европа е најевтин во Македонија и Молдавија!

Животот во Европа е најевтин во Македонија и Молдавија!
Картата ја покажува разликата во трошоците за живот во Европа. За нејзиното составување се користено податоци од најголемата база со податоци за градовите и земјите во светот. Индексот на потрошувачките цени (CPI, Consumer Price Index) се користи за да се утврди разликата во трошоците за живот меѓу земјите. Се земаат предвид цените на стоките во потрошувачката кошница, транспортните трошоци, рестораните и јавните услуги. Индексот на потрошувачките цени во оваа графика е релативен показател за трошоците за живот во одредена земја, споредени со оние во Њујорк. На пример, ако една земја има индекс CPI 70, тоа значи дека таа има во просек за 30% пониски трошоци за живот во однос на оние во Њујорк. karta zivot Најскапите земји за живот во Европа, а и на првите места во светот се Швајцарија (126,03), Норвешка (118,59), Исланд (102,4) и Данска (100,6). Најевтин во Европа е животот во Молдавија и во Македонија. Молдавија има CPI од 34,72, а македонија 37,41. Другата евтина европска земја е Грузија, која е со индекс 39,56. Од нашите соседи, Бугарија е рангирана меѓу земјите со евтин живот, и спаѓа во група со земји како Романија, Србија, Турција, Украина, Полска, Чешка, Унгарија. Индексот вклучува и одделни градови. За Скопје индексот е 42,04 CPI. Тоа значи дека трошоците за живот во најскапиот град во земјата се 42% од оние во Њујорк. Зад Скопје остануваат другите балкански престолнини како Букурешт, со индекс 44,79, Тирана - со 44,16 и Софија каде индексот е 44,92. Поскапи за живеење од нашиот главен град на Балканот се и Белград - со 45,17, Љубљана - 65,13, Загреб - 60,33. Неоспорен првак во рангирањето тука е грчката престолнина Атина, која и покрај кризата има оценка од 70,48. Во Турција најскап град е Истанбул со оценка 53,40, а главниот град Анкара е значително поевтина за живот и има оценка 48,24. Овој индекс е масовно користен за мерење на инфлацијата. Сепак има своите критичари, кои посочуваат дека CPI не ги доловува промените во квалитетот на стоките и услугите. Сепак тој дава некакви прилично точни информации по кои можеме да процениме како се развива една земја и колку е скап животот во неа. K.K.
Слично

Поврзани вести